
mk Содржина
Дополнителни информации и објаснувања може да најдете
на интернет. Скенирајте го QR-кодот на насловната
страница.
СодржинаСодржина
1 Безбедност ................................................................ 12
2 Спречување материјални штети ........................... 15
3 Заштита на животната средина и штедење ........ 15
4 Запознавање ............................................................. 16
5 Опрема ....................................................................... 16
6 Основно ракување ................................................... 17
7 Сад за готвење .......................................................... 17
8 Препораки за поставување при готвење ............. 18
9 Чистење и нега .......................................................... 18
10 Отстранете ги пречките ........................................ 19
11 Сервисна служба ................................................... 20
12 Отстранување ......................................................... 21
Безбедност 1 Безбедност
Почитувајте ги следните безбедносни
напомени.
1.1 Општи напомени
¡ Внимателно прочитајте го упатството.
¡ Чувајте го упатството и информациите за
производот за подоцнежна употреба или за
следните сопственици.
¡ При оштетувања при транспортот не го
приклучувајте уредот.
1.2 Наменета употреба
Само со стручна монтажа согласно
упатството за монтажа е загарантирана
безбедноста при употреба на уредот.
Инсталатерот е одговорен за беспрекорно
функционирање на местото на поставување.
ВНИМАНИЕ‒Опасност од повреда!
Овој уред служи само за готвење.
Не смее да се користи за други цели, на
пример за загревање просторија.
Користете го уредот само:
¡ за подготовка на јадења и пијалаци.
¡ под надзор. Постојано надгледувајте го
краткотрајното готвење.
¡ vо приватно домаќинство и во домашното
опкружување.
¡ до висина од максимум 2000m надморска
височина.
Не го користете уредот:
¡ на бродови или во возила.
¡ како греење на просторот.
¡ со надворешен тајмер или со далечински
управувач.
¡ на отворено
За префрлување на друг вид на гас повикајте
ја сервисната служба.
1.3 Ограничување на групата на
корисници
Овој уред може да го употребуваат деца над 8
години и лица со намалени физички, сензорни
или ментални способности или кои немаат
искуство и/или знаење, ако се надгледувани
или советувани за безбедно ракување со
уредот и ги разбираат опасностите коишто
може да произлезат од тоа.
Децата не смеат да играат со уредот.
Деца не смеат да го чистат и одржуваат
уредот, освен ако имаат 15 години и повеќе и
некој ги надгледува.
Децата помали од 8 години мора да бидат
подалеку од уредот и приклучните кабли.
1.4 Безбедно користење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од
експлозија!
Истекување на гасот може да предизвика
експлозија.
КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ КОГА ИМА
МИРИС НА ГАС ИЛИ ПРЕЧКИ ВО
ИНСТАЛАЦИЈАТА
Веднаш затворете го доводот за гас или
вентилот на садот за гас.
Веднаш изгасете го секој отворен пламен
или цигара.
Не приклучувајте ги прекинувачите за
вклучување светло и прекинувачите за
вклучување уреди.
Не извлекувајте ги приклучоците од
штекерите за струја.
Не користете фиксни или мобилни телефони
во куќата.
12
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Bosch PNP6B6K40 Плотна. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.