
Безбедност mk
Отворете ги прозорците и добро проветрете
ја просторијата.
Повикајте ја корисничката служба или
фирмата за снабдување со гас.
Истекување на гасот може да предизвика
експлозија.
Во тек од подолг временски период, мали
количини гас може да се насоберат и да се
запалат.
Ако гасот не се користи подолго време,
затворете го сигурносниот вентил на
доводот за гас.
Истекување на гасот може да предизвика
експлозија.
Ако садот со течен гас не стои исправено, во
уредот може да навлезе течен пропан/бутан.
Притоа може да се појави силен пламен на
бренерите . Составните делови може да се
оштетат и со тек на време да престанат да
дихтуваат, при што ќе дојде до
неконтролирано истекување на гасот.
Садот со течен гас користете го само во
исправена положба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од
труење!
Употребата на уред за готвење со гас
доведува до создавање топлина, влага и
производи од согорување во просторијата во
која е инсталиран. Погрижете се кујната да
биде добро проветрена, особено при
користење на уредот.
Ако уредот се користи подолг период
интензивно, може да биде потребна
дополнителна вентилација, на пр.
зголемување на механичката вентилација,
доколку е достапно, дополнителна
вентилација со цел безбедно снабдување на
производите од согорувањето со
надворешен воздух (нанадвор) и
истовремено овозможување размена на
собниот воздух со дополнителна
вентилација.
За дополнителна вентилација, консултирајте
се со стручно лице пред инсталацијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од
пожар!
Готвењето без надзор на рингли со маснотии
или масло може да биде опасно и да
предизвика пожари.
Постојано надгледувајте ги врелите масла и
масти.
Никогаш не се обидувајте да изгаснете оган
со вода, туку исклучете го уредот и потоа
покријте го пламенот, на пр. со капак или
огноотпорно ќебе.
Уредот многу се вжештува.
Никогаш не ставајте запаливи предмети на
полето за готвење или во непосредна
близина.
Никогаш не чувајте предмети на полето за
готвење.
Уредот се загрева.
Не чувајте запаливи предмети или конзерви
со спреј во фиоката под полето за готвење.
Не чувајте или користете запаливи
предмети, како напр., спрејови, под уредот
или во негова непосредна близина.
Прекривките на полето за готвење може да
предизвикаат несреќа, напр., поради
прегревање, запалување или материјали што
се распрснуваат.
Не користете прекривки за поле за готвење.
Пламеникот на гас без поставен сад за
готвење создава многу топлина за време на
работата. Аспираторот што е прикачен погоре
може да се оштети или запали.
Пламеникот на гас да се користи само со
поставен сад за готвење.
Уредот се загрева многу и текстилните
материјали и другите предмети може да се
запалат.
Текстилните материјали, како напр.
парчињата облека или завесите, чувајте ги
подалеку од пламен.
Не фаќајте преку пламенот.
Не ставајте запаливи материи, како напр.
крпи за садови или списанија, на уредот, до
него или зад него.
Гасот што испарува може да се запали.
Ако не се запали пламеникот по 10 секунди,
завртете го копчето на нула и отворете ја
вратата или прозорецот во просторијата.
Почекајте најмалку една минута пред да го
запалите пламеникот повторно.
Ако пламенот се изгаси ненамерно за
време на работата, вратете го копчето на
вртење на нула. Почекајте најмалку една
минута пред да го запалите пламеникот
повторно.
Храната може да се запали.
Надгледувајте го процесот на готвење.
Краткиот процес мора постојано да се
следи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ‒Опасност од
изгореници!
Пристапните делови може да се загреат за
време на работата.
Малите деца треба да се држат подалеку.
13
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Bosch PNP6B6K40 Плотна. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.