
7 8
Не испуштајте го, не фрлајте го и не превиткувајте го вашиот мобилен
телефон.
Не го користете телефонот ако стаклото на екранот е оштетено, испукано
или скршено за да избегнете било каква повреда.
Избегнете го боењето на телефонот.
Користете само батерии, полначи и опрема кои се препорачани од TCL
Communication Ltd. и нивните партнери, компатибилни со вашиот модел
на телефон. TCL Communication Ltd. и нивните партнери се откажуваат
од било каква одговорност за штета причинета со употребата на други
полначи или батерии.
Не заборавајте да направите резервни копии или да чувате пишани записи
за сите важни информации што се зачувани во вашиот уред.
Некои луѓе може да страдаат од епилептични напади или да се онесвестат
кога се изложени на трепкачки светла или кога играат видео игри. Овие
напади или несвестици можат да се случат дури и ако лицето никогаш
претходно немало напад или несвестица. Ако сте доживеале напади
или несвестици или ако имате семејна историја на такви случувања,
консултирајте се со вашиот лекар пред да играте видео игри на телефонот
или пред да ја вклучите функцијата за трепкачки светла на истиот.
Родителите треба да ги надгледуваат нивните деца при употреба на видео
игри или на други функции кои содржат трепкачки светла на телефонот.
Сите лица треба да ја прекинат употребата и да се консултираат со лекар
ако се случи било кој од следниве симптоми: грч, грчење на окото или
мускулите, губење на свеста, безволни движења или дезориентација. За
да ја ограничите веројатноста за вакви симптоми превземете ги следниве
безбедносни мерки на претпазливост:
- Не играјте или не користете ја функцијата на трепкачки светла ако сте
уморни или ви се спие.
- Секој час правете минимум 15-минутна пауза.
- Играјте во соба во која сите светла се вклучени.
- Играјте на најголемо можно растојание од екранот.
- Ако вашите дланки, зглобови или раце станат уморни или болни при
играњето, запрете и одморете неколку часови пред повторно да играте.
- Ако болките во дланките, зглобовите или рацете продолжат во текот или
после играњето, запрете ја играта и одете на доктор.
Кога играте игри на вашиот телефон, можете да доживеете повремена
нелагодност во вашите дланки, раце, рамења, врат или други делови од
вашето тело. Следете ги инструкциите за да ги избегнете проблемите
како што се тендинитис, синдромот на карпален тунел или други
мускулоскелетни заболувања.
• ПРИВАТНОСТ:
Треба да знаете дека мора да ги почитувате важечките закони и прописи
во ваша надлежност или друга надлежност(и) каде што ќе го употребувате
вашиот мобилен телефон во поглед на фотографирање и снимање звуци со
вашиот мобилен телефон. Согласно со таквите закони и прописи, можеби
е строго забрането фотографирање и/или снимање на гласовите на други
луѓе или било какви нивни лични особини и копирање и дистрибуција
на снименото, бидејќи тоа може да се смета како напад на приватноста.
Лична одговорност на корисникот е да добие дозвола, ако е неопходно,
за да снима приватни или доверливи разговори или да фотографира
друго лице; производителот, продавачот или дистрибутерот на вашиот
мобилен телефон (вклучувајќи го операторот) се откажуваат од било
каква одговорност која може да е причинета од неправилна употреба на
мобилниот телефон.
• БАТЕРИЈА:
Заради почитување на прописите за воздух, батеријата на вашиот производ
не е наполнета. Прво, наполнете ја.
За расклоплив уред:
Внимавајте на следниве мерки на претпазливост за користење на
батеријата:
- Не обидувајте се да ја отворите батеријата (поради ризикот од отровни
испарувања и изгореници).
- Не обидувајте се да ја продупчите, не расклопувајте ја или не
предизвикувајте краток спој во батеријата.
- Не горете ја и не фрлајте ја искористената батерија во отпадоци од
домаќинството и не чувајте ја на температура над 60°C.
Батериите мора да бидат отстранети во согласност со локалните
применливи еколошки одредби. Батеријата користете ја само за целта за
која таа е наменета. Никогаш не употребувајте оштетени батерии или оние
кои не се препорачани од TCL Communication Ltd. и/или нивните партнери.
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.