Прирачник Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон

Ви треба прирачник за вашиот Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон? Подолу можете да го погледнете и преземете PDF прирачникот бесплатно на англиски јазик. Овој производ моментално има 0 често поставувани прашања, 0 коментари и има 0 гласови. Ако ова не е прирачникот што го сакате, ве молиме контактирајте со нас.

Дали вашиот производ е дефектен и прирачникот не ви нуди решение? Одете во Repair Café за бесплатни услуги за поправка.

Прирачник

5 6
Исклучете го телефонот кога сте во здравствени установи, освен во
означени области. Како и кај многу други видови на опрема сега во
редовна употреба, мобилните телефони можат да интерферираат со
други електрични или електронски уреди или опрема користејќи радио
фрекфенција.
Исклучете го телефонот кога сте во близина на гас или запаливи течности.
Строго почитувајте ги сите знаци и инструкции поставени во складиште
на гориво, бензинска пумпа или хемиска постројка или во било каква
потенцијално експлозивна атмосфера.
Кога телефонот е вклучен, треба да се држи најмалку 15 цм од било кој
медицински уред како што е пејсмејкер, слушно помагало или инсулинска
пумпа, итн. Особено кога го употребувате телефонот, би требало да го
држите до увото на спротивната страна од уредот.
За да избегнете влошување на слухот, одговорете на повикот пред да го
ставите телефонот на вашето уво. Исто така, оддалечете ја слушалката од
увото кога го користите „хендсфри“ начинот, бидејќи засилениот тон може
да предизвика оштетување на слухот.
Не дозволувајте децата да користат телефон и/или да се играат со него и
неговите додатоци без ваш надзор.
Ве молиме, имајте во предвид дека вашиот телефон е нерасклоплив
(unibody) уред, и задниот капак и батеријата не можат да се отстранат. Не
обидувајте се да го расклопите телефонот. Со расклопување на телефонот
може да ја оштетите батеријата и може да дојде до истекување на
супстанции кои може да создадат алергиска реакција.
Секогаш грижливо ракувајте со вашиот телефон и чувајте го на чисто место
на кое нема прашина.
Не дозволувајте вашиот телефон да биде изложен на лоши временски
услови или услови на околината (влага, влажност, дожд, навлегување на
течности, прашина, морски воздух, итн). Производителот препорачува
работен температурен опсег од -10°C до +55°C.
Читливоста на екранот може да се намали на температура над 55˚С, но тоа
е привремено и не е ништо сериозно.
Броевите за итни случаи можеби се недостапни на сите мобилни мрежи.
Никогаш не треба да се потпирате само на вашиот телефон за повици за
итни случаи.
Не отворајте го, не расклопувајте го и не обидувајте се сами да го
поправите вашиот мобилен телефон.
Безбедност и употреба ................
Препорачуваме внимателно да го прочитате ова поглавје пред да го
користите вашиот телефон. Производителот се одрекува од секаква
одговорност за штета, која може да е причинета како последица од
неправилна употреба или од употреба спротивна на инструкциите
содржани овде.
• БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ:
Студиите покажуваат дека употребата на мобилен телефон
при управување на возило создава реален ризик, дури и кога се
користат слушалките или опремата за автомобил, возачите треба
да се воздржуваат од употреба на нивните мобилни телефони
кога возилото не е паркирано.
Кога возите, не употребувајте го вашиот телефон и слушалките за да
слушате музика или радио. Употребата на слушалки може да биде опасна
и е забранета во некои области.
Кога е вклучен, вашиот телефон емитува електромагнетни бранови кои
можат да интерферираат со електронскиот систем на возилото како што
се АБС против блокирање на сопирачки или воздушни перничиња. За да
бидете сигурни дека нема проблем:
- не поставувајте го вашиот телефон на управувачката табла или во делот
каде се наоѓа воздушното перниче,
- проверете кај продавачот на возилото или кај производителот за да
се осигурате дека управувачката табла е адекватно заштитена од RF
енергија.
• УСЛОВИ НА УПОТРЕБА:
Ви советуваме да го исклучите телефонот од време на време за да ја
зголемите неговата употреба.
Исклучете го телефонот пред да влезете во авион.
Преземете прирачник на англиски јазик (PDF, 0 MB)
(Размислете за животната средина и отпечатете го овој прирачник само ако е навистина неопходно)

Оцена

Кажете ни го вашето мислење за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон, така што ќе го оцените производот. Сакате ли да го споделите вашето искуство со овој производ или да поставите прашање? Оставете коментар во долниот дел на страницата.
Дали сте задоволни со Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон?
Да Не
Оценете го први овој производ
0 гласови

Приклучете се во разговорот за овој производ

Тука можете да го споделите вашето мислење за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.

Повеќе за овој прирачник

Разбираме дека е практично да имате печатен прирачник за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон. Секогаш можете да го преземете прирачникот од нашата интернет-страница и да го отпечатите сами. Ако сакате да го имате оригиналниот прирачник, ви препорачуваме да контактирате со Alcatel. Тие можеби ќе можат да ви дадат оригинален прирачник. Барате прирачник за вашите Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон на различен јазик? Изберете го претпочитаниот јазик на нашата интернет-страница и пребарајте го бројот на модел за да видите дали го имаме.

Спецификации

Бренд Alcatel
Модел 5085Y A5 LED
Категорија Мобилни телефони
Тип датотека PDF
Големина на датотека 0 MB

Сите прирачници за Alcatel Мобилни телефони
Повеќе прирачници за Мобилни телефони

Прирачник Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон

Поврзани производи

Поврзани категории

×
Download