1 Важни
безбедносни
упатства
Безбедност на слухот
Осигурете се дека ги почитувате следните
упатства, кога ги користите вашите слушалки.
• Слушајте со разумно ниво на јачина на звук,
во текот на разумни временски периоди.
• Внимавајте постојано да не ја зголемувате
јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се
прилагодува на неа.
• Не зголемувајте ја јачината на звукот толку
многу да не можете да чуете што се
случува околу вас.
• Треба да бидете претпазливи или
привремено да прекинете со употребата
во потенцијално опасни ситуации.
• Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика губење на
слухот.
• Не се препорачува користењето на
слушалките кои ги покриваат двете уши
додека возите и може да биде нелегално
во некои области.
• Заради ваша безбедност избегнувајте го
одвлекувањето на вниманието од страна
на музиката или телефонските повици,
додека се наоѓате во сообраќај или во
некои други потенцијално опасни средини.
Општи информации
За да се избегне оштетување или дефект:
Теператури и влажност за работа и складирање
• Чувајте на места каде што температурата е
помеѓу -20°C (-4°F) и 50°C (122 °F), со
релативна влажност до 90%.
• Нека работи на место каде што
температурата е помеѓу 0°C (32°F) и
45°C(113°F), со релативна влажност до 90%.
• Работниот век на батеријата може да се
намали во услови на висока или ниска
температура.
• Замената на батерија со неправилен вид
ризикува сериозно да ги оштети слушалките
и батеријата (на пример, во случај на некои
видови на литиумски батерии).
Опасност
За да го избегнете оштетувањето на слухот,
ограничете го времето на користење на
слушалките со висока јачина на звукот и поставете
ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што
е погласен звукот, толку е пократко времето на
безбедно слушање.
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина.
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.
Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење или прскање со вода. (Погледнете го IP
рејтингот за одреден производ)
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат
потопени во вода.
Немојте да ги полните вашите слушалките кога
конекторот или штекерот се влажни.
Не користете било какви средства за чистење што
содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Доколку е потребно чистење, користете мека
крпа, ако е потребно навлажнета со минимална
количина на вода или разреден благ сапун, за
чистење на производот.
Интегрираната батерија не смее да биде изложена
на прекумерна топлина, како што е сончева
светлина, оган или слични нешта.
Постои опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Заменете ја со ист или
еквивалентен вид.
За да се постигне одреден IP рејтинг, капакот на
прорезот за полнење мора да биде затворен.
Фрлањето на батеријата во оган или жешка печка,
или механичкото кршење или сечење на
батеријата, може да резултира со експлозија.
Оставањето на батеријата во средина со
екстремно висока температура, може да
резултира со експлозија или истекување на
запаллива течност или гас.
Батеријата којашто е изложена на екстремно
низок воздушен притисок може да резултира со
експлозија или истекување на запаллива течност
или гас.
2 MK
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Philips TAT8506BK Слушалки. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.