2. Поддршка
2.1. Идентификувајте и
регистрирајте го вашиот
телевизор
Идентификувајте го вашиот телевизор - бројот на ТВ
моделот и серискиот број
Можеби од вас ќе биде побарано да го доставите бројот
на моделот на ТВ производот и серискиот број. Пронајдете
ги овие броеви на ознаката на пакувањето или на ознаката
за типот на задната или на долната страна од телевизорот.
Регистрирање на вашиот телевизор
Регистрирајте го вашиот телевизор и уживајте во
предностите кои вклучуваат целосна поддршка
(вклучувајќи преземања), привилегиран пристап до
информации за нови производи, ексклузивни понуди и
попусти, шанса за освојување на награди, па дури и
учество во специјални истражувања за нови производи.
Одете на www.philips.com/TVsupport
2.2. ТВ помош и упатство за
користење
Брзо мени > Помош
Можете да ја искористите функцијата за помош за да
извршите дијагноза за проблемот и за да добиете повеќе
информации за вашиот телевизор.
• Информации за телевизорот - погледнете го името на
моделот, серискиот број и верзијата на софтверот на
вашиот телевизор.
• Како да… - Можете да погледнете упатства за
инсталирање канали, подредување канали*, ажурирање
на софтверот на телевизорот, поврзување надворешни
уреди и за користење на паметните функции на вашиот
телевизор.
• Дијагноза на телевизорот - извршете дијагноза на
телевизорот за да ја проверите состојбата на вашиот
телевизор.
• Самодијагностика - Можете да проверите дали сликата,
звукот, мрежата и другите поставки исправно
функционираат.
• Ажурирање на софтвер - Проверете ги достапните
ажурирања за софтверот.
• Упатство за користење - Прочитајте го упатството за
користење за повеќе информации околу телевизорот.
• Отстранување на проблеми - Пронајдете решение за
често поставуваните прашања.
• Фабрички поставки - Ресетирајте ги сите поставки на
фабричките поставки.
• Преинсталирање на ТВ - Преинсталирајте и одново
извршете го инсталирањето на телевизорот целосно.
• Информации за контакт - Го покажува телефонскиот број
или веб-адресата за вашата земја или регион.
* Подредувањето канали е достапно само за одредени
земји.
** Поставката Ambilight е наменета само за моделите што
ја поддржуваат функцијата Ambilight.
2.3. Дијагноза на телевизорот и
самодијагностика
Дијагноза на телевизорот
Можете да извршите дијагноза на телевизорот за да ја
проверите состојбата на вашиот телевизор. На крајот на
дијагнозата, телевизорот ќе ја избрише кеш-меморијата и
ќе ги затвори апликациите што не се користат за
телевизорот да продолжи да работи непречено.
За да го извршите тестот за дијагностика на телевизорот:
1 - Изберете Брзо мени > Помош > Дијагноза на
телевизорот и притиснете OK.
2 - Изберете Започни за да започнете низа дијагностички
тестови.
3 - Кога тестот ќе заврши, може да го видите статусот на
следните елементи.
- Далечински управувач
- Напојување
- Слика
- Звук
- Поврзете надворешни уреди
- Мрежа
- ТВ-приемник
- Исчисти ја кеш-меморијата
- Апликации
4 - Изберете OK за да ја затворите страницата со резултати
и да се вратите кон волшебникот за Дијагностика на
телевизорот.
5 - Притиснете Назад за да излезете од Дијагностика на
телевизорот, изберете Самодијагностика за да извршите
друга дијагностичка проверка, изберете Прикажи
резултати за повторно да ја видите страницата со
резултати.
Самодијагностика
Функцијата за самодијагностика може да ви помогне при
отстранувањето на проблеми со вашиот телевизор така
што ќе ги провери конфигурациите на телевизорот.
За да извршите самодијагностика:
1 - Изберете Брзо
5
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Philips 75PUS8309 ЛЕД телевизор. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.