Прирачник Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор

Ви треба прирачник за вашиот Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор? Подолу можете да го погледнете и преземете PDF прирачникот бесплатно на англиски јазик. Овој производ моментално има 0 често поставувани прашања, 0 коментари и има 0 гласови. Ако ова не е прирачникот што го сакате, ве молиме контактирајте со нас.

Дали вашиот производ е дефектен и прирачникот не ви нуди решение? Одете во Repair Café за бесплатни услуги за поправка.

Прирачник

4.2. Впарете го вашиот
далечински управувач со
телевизорот
Овој далечински управувач користи Bluetooth® и IR
(инфрацрвени зраци) за да ги испрати наредбите до
телевизорот.
• Можете да го користите овој далечински управувач
преку IR (инфрацрвени зраци) за повеќето операции.
• За да користите напредна операција како што е
гласовното пребарување, потребно е да го впарите
(поврзете) телевизорот со далечинскиот управувач.
Кога ќе ја започнете почетната инсталација на телевизорот,
на телевизорот ќе се прикаже порака да ги притиснете
копчињата Почеток + Назад за да го впарите далечинскиот
управувач. Ви препорачуваме да го завршите впарувањето
при првата инсталација на телевизорот.
Забелешка:
1 - Откако далечинскиот управувач успешно ќе влезе во
режимот на впарување, LED-индикаторот околу
микрофонот на предната страна од далечинскиот
управувач ќе почне да трепка.
2 - Далечинскиот управувач мора да го држите во близина
на телевизорот (не подалеку од 1m) во текот на
впарувањето за да биде успешен процесот.
3 - Доколку телевизорот не го покаже полето за гласовна
контрола кога ќе притиснете , впарувањето било
неуспешно.
4 - Пред да влезете во режимот на впарување, се
препорачува да почекате сѐ додека телевизорот целосно
не се подигне и не се активираат сите процеси во заднина,
бидејќи известувањето кое ги содржи дополнителните
инструкции може да се појави доцна и со тоа негативно да
влијае на постапката за впарување.
Впарување или повторно впарување
Доколку впарувањето со далечинскиот управувач се
загуби, можете повторно да го впарите телевизорот со
далечинскиот управувач.
Можете да ги притиснете копчињата Почеток + Назад
(приближно 3 секунди) за да извршите впарување.
Или, пак одете во Поставки > Далечински управувач и
додатоци > Поставки за далечинскиот управувач > Впари
далечински управувач, а потоа следете ги инструкциите
на екранот.
Кога впарувањето ќе биде успешно, ќе се прикаже порака.
Софтвер за далечинскиот управувач
Поставки > Далечински управувач и
додатоци > Поставки за далечинскиот управувач
> Информации за далечинскиот управувач
Откако ќе се впари далечинскиот управувач, можете да ја
проверите тековната верзија на софтверот за далечинскиот
управувач.
Поставки > Далечински управувач и додатоци >
Поставки за далечинскиот управувач > Ажурирање на
софтверот за далечинскиот управувач
Проверете дали има достапни ажурирања за софтверот за
далечинскиот управувач.
4.3. Гласовно пребарување
Можете да пребарувате видео записи, музика или која
било друга содржина на интернет со користење на вашиот
глас. Можете да говорите на микрофонот на далечинскиот
управувач.
Потребно е да го впарите далечинскиот управувач со
телевизорот пред да го користите гласовното
пребарување.
За да користите гласовно пребарување:
1 - Притиснете го и задржете го копчето
на
далечинскиот управувач, синото светло на далечинскиот
управувач ќе засвети, ќе се отвори полето за пребарување
и ќе се активира микрофонот.
2 - Јасно изговорете го она што го барате. Откако ќе
заврши гласовното внесување, отпуштете го копчето за
да започне пребарувањето. Можеби ќе биде потребно
извесно време за да се појават резултатите.
3 - На листата со резултатите од пребарувањето, можете
да го изберете саканиот елемент.
4.4. Инфрацрвен сензор
Телевизорот може да прима наредби од далечински
управувач кој користи IR (инфрацрвен сигнал) за
испраќање наредби. Ако користите таков далечински
управувач, секогаш насочувајте го далечинскиот управувач
кон инфрацрвениот сензор на предната страна на
телевизорот.
Предупредување
Немојте да ставате никакви предмети пред
инфрацрвениот сензор на телевизорот, бидејќи тие можат
да го блокираат инфрацрвениот сигнал.
12
Преземете прирачник на англиски јазик (PDF, 2.3 MB)
(Размислете за животната средина и отпечатете го овој прирачник само ако е навистина неопходно)

Оцена

Кажете ни го вашето мислење за Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор, така што ќе го оцените производот. Сакате ли да го споделите вашето искуство со овој производ или да поставите прашање? Оставете коментар во долниот дел на страницата.
Дали сте задоволни со Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор?
Да Не
Оценете го први овој производ
0 гласови

Приклучете се во разговорот за овој производ

Тука можете да го споделите вашето мислење за Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.

Повеќе за овој прирачник

Разбираме дека е практично да имате печатен прирачник за Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор. Секогаш можете да го преземете прирачникот од нашата интернет-страница и да го отпечатите сами. Ако сакате да го имате оригиналниот прирачник, ви препорачуваме да контактирате со Philips. Тие можеби ќе можат да ви дадат оригинален прирачник. Барате прирачник за вашите Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор на различен јазик? Изберете го претпочитаниот јазик на нашата интернет-страница и пребарајте го бројот на модел за да видите дали го имаме.

Спецификации

Бренд Philips
Модел 65OLED959
Категорија ОЛЕД телевизори
Тип датотека PDF
Големина на датотека 2.3 MB

Сите прирачници за Philips ОЛЕД телевизори
Повеќе прирачници за ОЛЕД телевизори

Прирачник Philips 65OLED959 ОЛЕД телевизор

Поврзани производи

Поврзани категории

×
Download