Прирачник Electrolux ECN30108W Замрзнувач

Ви треба прирачник за вашиот Electrolux ECN30108W Замрзнувач? Подолу можете да го погледнете и преземете PDF прирачникот бесплатно на англиски јазик. Овој производ моментално има 0 често поставувани прашања, 0 коментари и има 0 гласови. Ако ова не е прирачникот што го сакате, ве молиме контактирајте со нас.

Дали вашиот производ е дефектен и прирачникот не ви нуди решение? Одете во Repair Café за бесплатни услуги за поправка.

Прирачник

Средството за ладење изобутан
(R600a), кој кружи низ водовите за
ладење на апаратот, е природен гас со
високо ниво на еколошка подобност,
но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за
ладење:
избегнувајте отворен оган и извори
на искри
темелно проветрете ја просторијата
во која што се наоѓа апаратот
Опасно е да се менуваат
спецификациите или да се вршат
какви и да било измени на производот.
Секое оштетување на кабелот може
да преди зв ика крат о к спој, по жар и/или
струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите
електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги заменува сертифициран
или квалификуван сервисер.
1. Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2. Проверете приклучокот за во
штекер да не е смачкан или
оштетен од задниот дел на уредот.
Смачкан или оштетен приклучок за
во штекер може да се прегрее и да
предизвика пожар.
3. Внимавајте приклучокот во
електричната мрежа да е
пристапен.
4. Не влечете го кабелот.
5. Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар
или пожар.
6. Апаратот не смее да работи без
капакот за ламбата
4)
на
внатрешното светло.
Апаратот е тежок. Треба да се
внимава кога се поместува.
Не вадете ги и не допирајте ги
предметите во преградите на
замрзнувачот ако рацете ви се мокри
или влажни, зашто така може да дојде
до гребење на кожата и смрзнатици.
•Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева
светлина.
Секојдневна употреба
Не ставајте жешки садови на
пластичните делови на апаратот.
Не чувајте запаливи гасови и течности
во апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
Не ставајте прехранбени продукти
директно врз отворите за воздух на
задниот ѕид.
5)
Смрзнатата храна не смее повторно
да се смрзнува откако ќе се одмрзне.
Чувајте ја претходно спакуваната
смрзната храна во согласност со
упатствата на нејзиниот
производител.
Мора строго да се почитуваат
препораките за чување на
производителот на апаратот. Видете
во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани
пијалаци во преградите на
замрзнувачот, бидејќи тие создаваат
притисок во садот, што може да
предизвика негово експлодирање, што
може да заврши со оштетување на
апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да
предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучникот
за струја од штекерот. Ако не можете
да пријдете кон штекерот, прекинете
го струјното коло.
Не чистете го апаратот со метални
предмети.
Не користете остри предмети за
вадење на мразот од апаратот.
Користете пластичен гребач.
4) Ако е предвиден капак за ламбата
5) Ако апаратот е со заштита од смрзнување
electrolux 13
Преземете прирачник на англиски јазик (PDF, 2.74 MB)
(Размислете за животната средина и отпечатете го овој прирачник само ако е навистина неопходно)

Оцена

Кажете ни го вашето мислење за Electrolux ECN30108W Замрзнувач, така што ќе го оцените производот. Сакате ли да го споделите вашето искуство со овој производ или да поставите прашање? Оставете коментар во долниот дел на страницата.
Дали сте задоволни со Electrolux ECN30108W Замрзнувач?
Да Не
Оценете го први овој производ
0 гласови

Приклучете се во разговорот за овој производ

Тука можете да го споделите вашето мислење за Electrolux ECN30108W Замрзнувач. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.

Повеќе за овој прирачник

Разбираме дека е практично да имате печатен прирачник за Electrolux ECN30108W Замрзнувач. Секогаш можете да го преземете прирачникот од нашата интернет-страница и да го отпечатите сами. Ако сакате да го имате оригиналниот прирачник, ви препорачуваме да контактирате со Electrolux. Тие можеби ќе можат да ви дадат оригинален прирачник. Барате прирачник за вашите Electrolux ECN30108W Замрзнувач на различен јазик? Изберете го претпочитаниот јазик на нашата интернет-страница и пребарајте го бројот на модел за да видите дали го имаме.

Спецификации

Бренд Electrolux
Модел ECN30108W
Категорија Замрзнувачи
Тип датотека PDF
Големина на датотека 2.74 MB

Сите прирачници за Electrolux Замрзнувачи
Повеќе прирачници за Замрзнувачи

Прирачник Electrolux ECN30108W Замрзнувач

Поврзани производи

Поврзани категории

×
Download