
3 За системот
Упатство за работење
6
CVXM-A, FVXM-A, CVXM-A9, FVXM-A9, FVXTM-A
Сплит систем клима уреди
3P477071-2M – 2022.09
ВНИМАНИЕ
Внимавајте кога го отворате и
ракувате со предниот панел; остриот
раб на предниот панел може да
предизвика повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запрете го работењето и
ИСКЛУЧЕТЕ го напојувањето ако
се случи нешто невообичаено
(мирис на изгорено и сл.).
Оставањето на единицата да работи
под такви околности може да
предизвика дефект, струен удар или
пожар. Контактирајте го вашиот
продавач.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во случај единицата да е опремена
со сензор за истекување на
разладно средство, вклучете ја
единицата со користење на копчето
ON/OFF (Вклучи/Исклучи) на
корисничкиот интерфејс.
3 За системот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: БЛАГО ЗАПАЛИВ
МАТЕРИЈАЛ
Разладното средство во единицата е слабо
запаливо.
ВНИМАНИЕ
Внатрешната единица содржи радио опрема,
минималното растојание помеѓу делот на опремата
што емитува и корисникот е 30cm.
Само за CVXM-A9 и FVXM-A9:
ВНИМАНИЕ
Оваа единица е опремена со безбедносни мерки со
електрично напојување како што е детектор за
истекување на разладно средство. За да бидат
ефективни, единицата мора да биде електрично
напојувана во секое време по инсталацијата освен за
кратки сервисни периоди.
НАПОМЕНА
НЕ користете го системот за други цели. За да
избегнете какво било нарушување на квалитетот, НЕ
користете ја единицата за ладење прецизни
инструменти, храна, растенија, животни или уметнички
дела.
3.1 Внатрешна единица
ВНИМАНИЕ
НЕ ставајте прсти, прачки или други предмети во
влезот или излезот за воздух. Кога вентилаторот се
врти со висока брзина, тоа може да предизвика
повреда.
ИНФОРМАЦИИ
Нивото на звучен притисок е помало од 70dBA.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
▪ НЕ модификувајте ја, не расклопувајте ја, не
отстранувајте ја, не инсталирајте ја повторно и не
поправајте ја единицата самите бидејќи неправилно
расклопување или инсталирање може да
предизвика струен удар или пожар. Контактирајте го
вашиот продавач.
▪ Во случај на несакани истекувања на разладно
средство, уверете се дека нема отворен оган.
Разладното средство само по себе е целосно
безбедно, нетоксично и слабо запаливо, но ќе
создаде токсичен гас кога случајно ќе истече во
просторија каде што е присутен запалив воздух од
калорифери, шпорети на гас и сл. Секогаш
побарајте квалификуван сервисен персонал да
потврди дека местото на истекување е поправено
или коригирано пред да продолжите со користење.
a Преден панел
b Филтер за воздух
c 2× деодорирачки филтер од титаниум апатит
d Излез за воздух
e Подвижен капак (хоризонтална лопатка)
f Приемник на инфрацрвен сигнал за безжичниот
далечински управувач
g Копче ON/OFF, Daikin око и ламбичка за тајмер
h Влез за воздух
i Отвори за воздух (вертикални лопатки)
j Сензор за собна температура
Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
Ако недостасува корисничкиот интерфејс (на пр. безжичен
далечински управувач), може да го користите копчето
ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на внатрешната единица да
почнете/запрете работење. Кога започнува работење со
користење на ова копче, се користат следниве поставки:
▪ Режим на работење = Автоматски
▪ Поставка за температура = 25°C
▪ Стапка на проток на воздух = Автоматски
3.1.1 Ламбичка индикатор за Daikin око
Бојата на Daikin око ќе се менува според операцијата.
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Daikin FVXTM30A3V1B Клима-уред. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.