
2 Безбедносни упатства за корисник
Упатство за работење
3
FTXF20~42E5V1B
Daikin собен клима уред
3P520336-19V – 2022.09
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој уред може да се користи од
деца на возраст од 8 години и
повеќе и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности,
или недостаток на искуство и
знаење, ако се под надзор или се
упатувани во врска со користењето
на уредот на безбеден начин и ги
разбираат вклучените ризици.
Деца НЕ СМЕАТ да играат со
уредот.
Чистењето и корисничкото
одржување НЕ СМЕЕ да се
извршува од деца без надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да спречите струен удар или
пожар:
▪ НЕ плакнете ја единицата.
▪ НЕ работете со единицата со
влажни раце.
▪ НЕ ставајте никави предмети кои
содржат вода на единицата.
ВНИМАНИЕ
▪ НЕ ставајте никави предмети или
опрема врз единицата.
▪ НЕ седете, не качувајте се и не
стојте на единицата.
▪ Единиците се означени со следниот симбол:
Ова значи дека електрични и електронски производи НЕ може
да се мешаат со несортиран отпад од домаќинство. НЕ
обидувајте се самите да го расклопите системот:
расклопувањето на системот, третирањето на разладното
средство, на маслото и на другите делови МОРА да се
изврши од овластен инсталатер и МОРА да соодветствува со
применливата легислатива.
Единиците МОРА да бидат третирани во специјализиран
капацитет за третирање за повторно користење, рециклирање
и поправка. Со тоа што ќе се осигурате дека овој производ е
правилно фрлен, ќе помогнете да се спречат потенцијални
негативни последици за околината и здравјето на луѓето. За
повеќе информации, контактирајте со инсталатерот или
локалните власти.
▪ Батериите се означени со следниот симбол:
Ова значи дека батериите НЕ смее да се мешаат со
несортиран отпад од домаќинството. Ако хемиски симбол е
отпечатен под симболот, тој хемиски симбол значи дека
батеријата содржи тежок метал над одредена концентрација.
Можни хемиски симболи се: Pb: олово (>0,004%).
Отпадните батерии МОРА да бидат третирани во
специјализиран капацитет за третирање за повторно
користење. Со тоа што ќе се осигурате дека отпадните
батерии се правилно фрлени, ќе помогнете да се спречат
потенцијални негативни последици за околината и здравјето
на луѓето.
2.2 Упатства за безбедно работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: БЛАГО
ЗАПАЛИВ МАТЕРИЈАЛ
Разладното средство во единицата е
слабо запаливо.
ВНИМАНИЕ
НЕ ставајте прсти, прачки или други
предмети во влезот или излезот за
воздух. Кога вентилаторот се врти со
висока брзина, тоа може да
предизвика повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
▪ НЕ модификувајте ја, не
расклопувајте ја, не отстранувајте
ја, не инсталирајте ја повторно и не
поправајте ја единицата самите
бидејќи неправилно расклопување
или инсталирање може да
предизвика струен удар или пожар.
Контактирајте го вашиот продавач.
▪ Во случај на несакани истекувања
на разладно средство, уверете се
дека нема отворен оган.
Разладното средство само по себе
е целосно безбедно, нетоксично и
слабо запаливо, но ќе создаде
токсичен гас кога случајно ќе
истече во просторија каде што е
присутен запалив воздух од
калорифери, шпорети на гас и сл.
Секогаш побарајте квалификуван
сервисен персонал да потврди
дека местото на истекување е
поправено или коригирано пред да
продолжите со користење.
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Daikin FTXF25E5V1B Клима-уред. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.