
Спречување материјални штети mk
Спречување материјални штети2 Спречување материјални штети
НАПОМЕНА
Топлината може да ги оштети граничните уреди или
мебелот.
Доколку уредот работи подолго време, се создава
топлина и влага.
Отворете прозорец или вклучете аспиратор.
Акумулација на топлина може да го оштети уредот.
Не користете два пламеника или извори на топлина
за само еден сад за готвење.
Не користете плочи за скара, садови од глина и сл.
при целосна моќност подолго време.
Акумулацијата на топлина може да ги оштети
контролните елементи.
Не користете голем сад за готвење на пламеникот во
близина на оперативните копчиња.
Неправилната положба на оперативното копче доведува
до пречки во функционирањето.
Доколку не работите со уредот, оперативното копче
секогаш треба да биде свртено на нулта позиција.
Грубото ракување со садот за готвење може да ја
оштети површината на уредот.
Ракувајте внимателно со садовите за готвење на
полето за готвење.
Не ставајте тешки предмети на полето за готвење.
Со преместување на садот за готвење, може да дојде
до гребење на стаклото.
Кога го преместувате садот за готвење, подигнете го.
Ако паднат цврсти или шилести предмети на полето за
готвење, може да го оштетат.
Не дозволувајте да паднат цврсти или шилести
предмети на полето за готвење.
Не го удирајте полето за готвење по рабовите.
Сол, шеќер или земја што може да падне од зеленчук,
ќе го изгребат стаклото.
Не го користете полето за готвење како работна
подлога или површина за оставање предмети.
Топениот шеќер или храната со висока содржина на
шеќер може да го оштетат стаклото.
Веднаш отстранете ја претечената храна со
стругалка за стакло.
Заштита на животната средина и штедење3 Заштита на животната средина и штедење
3.1 Штедење енергија
Ако внимавате на овие напомени, Вашиот уред троши
помалку енергија.
Изберете го бренерот според големината на тенџерето.
Поставете го садот на средина.
Совет: Произведувачите на садови за јадење често во
наведуваат горниот дијаметар на садот. Тој дијаметар
често е поголем од дијаметарот на дното.
Несоодветни садови за готвење или нецелосно
покриени зони за готвење користат повеќе енергија.
Покривајте ги тенџерињата со соодветен капак.
Ако готвите без капак, уредот ќе потроши повеќе
енергија.
Кревајте го капакот што е можно поретко.
Кога го кревате капакот, се губи многу енергија.
Употребувајте стаклен капак.
Стаклениот капак помага да го следите готвењето на
содржините во тенџерето без да мора да го кревате
капакот.
Користете садови за готвење коишто се соодветни за
количината на јадење.
Големите садови со мала количина јадење трошат
повеќе енергија за да се загреат.
Гответе со малку вода.
Колку повеќе вода има во садот за готвење, толку
повеќе енергија е потребна за загревање.
Намалете на понизок степен за готвење навремено.
Повисоката јачина за постојано готвење троши
повеќе енергија.
3.2 Отстранување на пакувањето
Материјалите од пакувањето се еколошки и може да се
рециклираат.
Одделните компоненти фрлајте ги во отпад посебно,
во зависност од нивниот тип.
15
Приклучете се во разговорот за овој производ
Тука можете да го споделите вашето мислење за Bosch PNP6B6K40 Плотна. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.