Прирачник Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон

Ви треба прирачник за вашиот Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон? Подолу можете да го погледнете и преземете PDF прирачникот бесплатно на англиски јазик. Овој производ моментално има 0 често поставувани прашања, 0 коментари и има 0 гласови. Ако ова не е прирачникот што го сакате, ве молиме контактирајте со нас.

Дали вашиот производ е дефектен и прирачникот не ви нуди решение? Одете во Repair Café за бесплатни услуги за поправка.

Прирачник

11 12
5085Y
Максималната ЅАR вредност за овој модел и условите под
кои тие се регистрирани.
SAR покрај глава UMTS 900 + Wi-Fi 0.88 W/kg
SAR покрај тело LTE Band 7 + Wi-Fi 1.54 W/kg
5085D
Максималната ЅАR вредност за овој модел и условите под
кои тие се регистрирани.
SAR покрај глава UMTS 900 + Wi-Fi 0.96 W/kg
SAR покрај тело GSM 900 + Wi-Fi 1.63 W/kg
За време на употреба, вистинската ЅАR вредност на овој уред обично
е многу пониско од вредностите дадени погоре. Тоа е затоа што, за
системска ефикасност и минимизирање на интерференцата на мрежата,
оперативната моќ на вашиот мобилен уред автоматски се намалува кога
целосната моќ не е употребена при повик. Колку е пониска излезната моќ,
толку е пониска SAR вредноста.
SAR тестирањата се извршени на оддалеченост од телото од 5 мм. Заради
почитување на RF изложеноста при носење покрај телото, уредот треба да
биде поставен најмалку на оваа оддалеченост од телото.
Ако не употребувате одобрени додатоци, треба да се осигурате дека
производот што го употребувате не содржи метал и дека го позиционира
телефонот на погоре наведеното растојание оддалечено од телото.
Организациите како што се Светската Здравствена Организација
и Американската Администрација за Храна и Лекови препорачуваат
доколку сте загрижени и сакате да ја намалите својата изложеност, тогаш
употребувајте хендсфри слушалки за држење на телефонот подалеку
од главата и телото за време на повик, или да го намалите времето на
користење на телефонот.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.alcatel-mobile.com
Дополнителни информации за електромагнетни полиња и јавното
здравство се достапни на следнава страница: http://www.who.int/peh-emf.
Вашиот телефон е опремен со вградена антена. За оптимална употреба,
треба да избегнувате нејзино допирање или деградирање.
Мобилните уреди нудат низа функции кои можат да се употребуваат во
други позиции освен на уво. Во вакви случаи уредот ќе биде во согласност
со препораките за употреба, кога се користи со слушалки или USB кабел.
Ако употребувате друга дополнителна опрема, истата опрема не смеe да
содржи метал и треба да го оддалечи телефонот најмалку 5 мм од телото.
Бидете внимателни кога го користите уредот, некои од вашите лични
податоци можат да се споделат со главниот уред. Ваша одговорност е
да ги заштитите личните податоци и да не ги споделувате со неовластен
уред или со уреди на трети лица. За производи со Wi-Fi карактеристики,
поврзете се само со доверливи Wi-Fi мрежи. Исто така, кога го користите
уредот како хотспот (каде што е достапно), користете мрежна безбедност.
Овие мерки ќе помогнат за спречување на неавторизиран пристап на
вашиот уред. Вашиот уред може да ги зачува личните информации на
различно место, вклучувајќи ја и SIM картичката, мемориската картичка, и
вградената меморија. Не заборавајте да ги отстраните или избришете сите
лични информации пред да го рециклирате, замените или да го подарите
вашиот уред. Внимателно изберете ги апликациите и ажурирањата, и
инсталирајте ги од доверливи извори. Некои апликации можат да влијаат
врз работата на уредот и/или да имаат пристап до личните информации,
вклучувајќи инфомрации за сметката, податоци за повиците, информации
за локацијата и мрежните ресурси.
Имајте предвид, дека сите податоци споделени со TCL Communication Ltd.
се зачувуваат во согласност со важечката законска регулатива за заштита
на податоците. За овие цели TCL Communication Ltd. имплементира и
оддржува соодветни технички и организациски мерки за заштита на сите
лични податоци, на пример против неовластена или незаконска обработка
и случајно губење или уништување или пак оштетување на личните
податоци, при што мерките обезбедуваат ниво на безбедност, имајќи ги
во предвид
(i) техничките можности на располагање,
(ii) трошоците за спроведување на мерките,
(iii) ризиците кои се вклучени за обработката на личните податоци, како и
(iv) чувствителноста на личните податоци кои се обработуваат.
Можете да пристапите, да ги прегледате и да ги измените личните
информации во секое време, како и да се најавите на вашата сметка, да
го посетите вашиот профил или директно да нè контактирате. Ако имате
потреба од нас, за измена или бришење на личните податоци, можеме
да побараме да ни обезбедите доказ за вашиот идентитет пред да ви
помогнеме.
Преземете прирачник на англиски јазик (PDF, 0 MB)
(Размислете за животната средина и отпечатете го овој прирачник само ако е навистина неопходно)

Оцена

Кажете ни го вашето мислење за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон, така што ќе го оцените производот. Сакате ли да го споделите вашето искуство со овој производ или да поставите прашање? Оставете коментар во долниот дел на страницата.
Дали сте задоволни со Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон?
Да Не
Оценете го први овој производ
0 гласови

Приклучете се во разговорот за овој производ

Тука можете да го споделите вашето мислење за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон. Ако имате прашања, најпрво прочитајте го прирачникот. Можете да побарате прирачник ако го употребите нашиот прирачник за контакт.

Повеќе за овој прирачник

Разбираме дека е практично да имате печатен прирачник за Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон. Секогаш можете да го преземете прирачникот од нашата интернет-страница и да го отпечатите сами. Ако сакате да го имате оригиналниот прирачник, ви препорачуваме да контактирате со Alcatel. Тие можеби ќе можат да ви дадат оригинален прирачник. Барате прирачник за вашите Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон на различен јазик? Изберете го претпочитаниот јазик на нашата интернет-страница и пребарајте го бројот на модел за да видите дали го имаме.

Спецификации

Бренд Alcatel
Модел 5085Y A5 LED
Категорија Мобилни телефони
Тип датотека PDF
Големина на датотека 0 MB

Сите прирачници за Alcatel Мобилни телефони
Повеќе прирачници за Мобилни телефони

Прирачник Alcatel 5085Y A5 LED Мобилен телефон

Поврзани производи

Поврзани категории

×
Download